• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 август 2024 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 12.30 часот, на подрачјето на општина Аеродром, ги лишиле од слобода Х.Т.Н.(28) и Т.А.(28) двајцата од Израел, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, таблети, тврда материја, шишенце со течност итн.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ч.(25) од с.Идризово,скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.08.2024 во 13.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(48) и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(45) двајцата од Скопје, а мопедот удрил и во две паркирани возила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

На 23.08.2024 околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 05.07.2024, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето. По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници. Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми.  Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција.

 На 23.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром И.А.(49) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче, скопско бил каснат од куче скитник.

 На 23.08.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Гази Баба А.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либкхнет“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 23.08.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Драчево М.Б.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник. лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан