• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - Денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј.(28) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“, „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната. Исто така, денеска (10.11.2024) полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш.(40) од село Зрновци, општина Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово. Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“,  а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

На 09.11.2024 во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д.(34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром - Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и  службено куче од мобилен тим од Царинската  управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5 000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје. Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н.(36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода. Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две  локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин.

На 09.11.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.А.(26), О.А.(25) и Р.С.(23), сите од Скопје поради тоа што на 08.11.2024 околу 23 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар физички ги нападнале Т.Г.(24), Ј.Ш.(30), Е.С.(28), О.С.(27), Ф.Г.(27), Ф.Ј.(25), М.М.(28), Е.Ч.(25), Д.М.(27), Б.П.(25) и Е.Ќ.(26), сите од Р.Турција, а со престој во Скопје.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (10.11.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје С.М.(30) од Скопје пријавил дека околу 00.00 часот во с.Трубарево,скопско бил физички нападнат од К.Е. и Е.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (10.11.2024) во 03.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 03.00 часот пред угостителски објект во с.Бразда,скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(27) од с.Бразда, скопско, М.Ж.(26) од с.Глуво, скопско, М.Џ.(26) од с.Чучер Сандево, скопско и Д.К.(26) од с.Мирковци, скопско од една страна и И.П.(28) од с.Кучевиште, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, У.М.(26) од Скопје пријавил дека на 08.11.2024 околу 22.45 часот на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неколку лица, а едно од лицата имало остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.11.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Џ.К.(22) пријавила дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзин роднина И.К.(33), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2024 во 10.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со физичка сила и со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.11.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена, пријавила дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Б.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.11.2024 во 01.35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека на 08.11.2024 околу 20.00 часот на подрачјето на Скопје-Север била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Б.И., кој и се заканувал и со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(35) и К.Б.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое биле пријавените, при што бил пронајден и одземен амфетамин.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Љ.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.09.2024 на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Х.П.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.08.2024 во Велес, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 30.04.2023  во  ноќен клуб во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. миа/миа/

фото: МИА

Остани поврзан