• вторник, 24 декември 2024

Приведени крадци од Боговиње

Приведени крадци од Боговиње

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Во село Долно Палчиште, општина Боговиње, вчера во 12.40 часот  полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода И.С.(43) од село Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ш.(42), исто така, од село Селце Кеч.

МВР денеска соопшти дека тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини.

- Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР. цр/аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан