• петок, 04 октомври 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(39) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.07.2024 затворски полицаец при влез во Казнено поправниот дом Штип, извршил преглед над пријавениот- осудено лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.З.(37) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.06.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и во просториите на правното лице од с.Корешница, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од с.Велмеј, раководител на Подрачно шумско стопанство „Галичица“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и Б.Т. (46) од с.Свиништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шума“. Првопријавениот, во април 2024 му дал усна дозвола на второпријавениот да врши сеча на сурово огревно дабово дрво, со што била  причинета  материјална штета од 1.434.510 денари.

На 30.09.2024 во 07.08 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 06.58 часот во казино во Штип, едно лице со закана со пиштол од вработената одзело пари од прометот. Се преземаат мерки за расчистување случајот.

На 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2024 во 17.15 часот во СВР Скопје, Е.Ц.(42) од Скопје пријавила дека на 28.09.2024 околу 20.00 часот на подрачјето на Центар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.09.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Делчево, полициски службеници извршиле службен разговор со Т.Р.(71) од с.Полето, делчевско, постапувајќи по претходна пријава од С.Ѓ.К.(31) од Делчево дека околу 14.00 часот пред станбена зграда во Делчево физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.09.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, во периодот од 28.09.2024 до 30.09.2024 со остар предмет биле оштетени три икони кои биле поставени на крстот во паркот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Драчево и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.09.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.М.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од три лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.    

На 30.09.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, неколку лица ги оштетиле прозорците и влезната врата од семејниот дом на Б.Џ., по што влегле внатре и физички го нападнале и му нанеле повреда. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Шуто Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.09.2024 во 21.15 часот во СВР Скопје, Е.Н.(49) од Скопје пријавил дека околу 13.10 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.09.2024 во 20.25 часот во СВР Скопје, А.Н.(44) од с.Сингелиќ, скопско, пријавил дека на 29.09.2024 околу 09.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Д.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 30.09.2024 во ОВР Кичево, И.И.(62) од кичевското село Стрелци пријавил дека на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Р.(44) и А.А.(46), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот А.Р., на 22.09.2024 година во 01.00 часот, пред угостителски објект на улицата „Дебарски конгрес“ во Дебар, извадил и репетирал пиштол.

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив починала В.П.(67) од село Табановце, кумановско, која претходно била донесена за укажување на лекарска помош. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

На 30.09.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. миа/миа/

фото: МИА архива

 

 

 

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан