• вторник, 24 декември 2024

Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност - дискусија во Скопје

Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност - дискусија во Скопје

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво деенска организираат настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“.

- На настанот ќе присуствуваат директорот на Управата за извршување санкции, судии, професори по кривично право, претставници на Управата за извршување на санкции, пробациската канцеларија, директори на казнено-поправни установи и на невладиниот сектор, се наведува во соопштението.

Како што е најавено, на настанот ќе се даде преглед на моменталната состојба во казнено-поправните установи „во врска со кратките казни, условните осуди, институтот на условен отпуст, употребата на електронските алки“. Воедно, се додава во соопштението, ќе биде презентиран и документ за јавни политики, што ќе се осврне на работата како облик на третман во насока на остварување успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, по што ќе следува дискусија. 

Препораките од настанот ќе бидат искористени во насока на изнаоѓање решенија за справување со пренатрупаноста преку почеста употреба на овие алатки. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан