• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во населба Драчево се асфалтира нова улица која ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел на Кисела Вода

Во населба Драчево се асфалтира нова улица која ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел на Кисела Вода

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Општина Кисела Вода информира дека се врши целосно асфалтирање на нова улица во населбата Драчево, која првпат овозможува директно поврзување меѓу две значајни сообраќајни артерии – улиците „Румена Хаџипанзова“ и „Киро Фетак“.

Како што наведуваат од општината, станува збор за делница во должина од околу 900 метри, која претставува важно логистичко и сообраќајно олеснување за жителите на Драчево, но и за сите кои секојдневно се движат низ овој дел на општината. Со ова поврзување се овозможува побрз и побезбеден проток на сообраќајот, подобра комуникација помеѓу урбаните целини, но и значително намалување на сообраќајниот метеж во овој дел на Кисела Вода.

-Со ова ново поврзување меѓу улиците „Румена Хаџипанзова” и „Киро Фетак”, правиме сериозен чекор напред во унапредувањето на сообраќајот во Драчево. Овој зафат е само уште еден доказ за решеноста на локалната самоуправа да ја трансформира Кисела Вода во модерна урбана средина со целосно решена инфраструктура и поквалитетен живот за сите нејзини жители, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисел Вода соопшти дека асфалтирањето на оваа нова улица е во рамки на интензивирањето на градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во Општината. вг/лв/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан