• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - На 22.03.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Охрид. При претрес во неговата викенд куќа, помошни простории и патничко возило во с.Косел, охридско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви исполнети со кафеава течност, грендер со остатоци од марихуана и еден самострел. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 22.03.2024 во 14.35 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

На 22.03.2024 во 15.20 часот на ул.„Широк дол“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(27) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По извршени проверки било утврдено дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 22.03.2024 во 16.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода Л.Б.(23) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.03.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 22.03.2024 во 21.55 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија и дрога при СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) од Тетово и А.И.(52) од с.Јажинце, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и пари. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 22.03.2024 во 19.40 часот во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода С.М.(19) од Богданци, А.С.(23) од село Црничани, дојранско, М.М.(46) од Богданци и В.Д.(19) од Богданци затоа што при преглед кај нив, кај С.М. била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 22.03.2024 во 22.45 часот во Младински парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.С.(46) од Велес. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил кутија со марихуана, која била пронајдена и одземена. Лицето било приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 22.03.2024 во 18.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.М.(46) од Штип затоа што кај него бил пронајден и одземен еден нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за управување под дејство на алкохол...  

Во текот на вчерашниот ден (22.03.2024) во периодот од 16.30 до 23.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струмица, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 35 за возење без возачка дозвола, пет санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 19 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

На 22.03.2024 околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39) од Велес и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20) од Велес. Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

На 22.03.2024 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

На 22.03.2024 во 13.15 часот во ОВР Кавадарци, К.С.(40) од Кавадарци пријавила дека на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

На  22.03.2024 во 16.35 часот во Полициската станица Битола, Б.К.(29) од Битола пријавил дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола бил каснат од куче скитник. ев/

Остани поврзан