• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 август 2024 (МИА) - Денеска (25.08.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода У.Р.Д.С.Б.(31) од Бразил, а со привремен престој во Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, соопштија од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (25.08.2024) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (25.08.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(47) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во периодот од 22.25 часот на 24.08.2024 до 01.30 часот на 25.08.2024,  за време на  одржување на забава  на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.А.(40) од Лозово, А.Т.(32) од Штип, Т.М. (32) од Скопје и Х.П.(37) од Скопје. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена тревкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 24.08.2024 во 06.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(23) од Кавадарци и трактор „имт“ со приколка „емро“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.С.(71) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 24.08.2024 во 21.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар кај с.Ростуше се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со италијански регистерски ознаки, управувано од И.И.(35) од с. Требиште и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Е.С.(21) од гостиварско Велебрдо. Во несреќата возачот на патничкото моторно возило „форд“ Е.С. и два малолетни сопатници од патничкото моторно возило „опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека возачот на патничкото моторно возило „опел“ И.И и сопатниците А.И. и две малолетни лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.  По насоки на јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од ОВР Гостивар. 

На 24.08.2024 во 13.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Луково мотоцикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки управуван од Д.П.(30) од Скопје излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

На 24.08.2024 во 18.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во с.Борисово-струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.Д.Г.(37) од с.Банско-струмичко и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Т.(48) од с.Мокрино-О.Ново Село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.Д.Г., а со телесни повреди се здобил А.Т., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 24.08.2024 во 01.05 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Крива Паланка, и патничко возило „фиат браво“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од с.Тлминци-кривопаланечко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.  

На 24.08.2024 во 10.45 часот во Полициската станица Центар Љ.К.(65) од Скопје пријавил дека во Дебар маало во Скопје бил каснат од куче скитник. 


 На 24.08.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар Л.Ј.(21) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан