• сабота, 09 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Денеска (10.09.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, соопштија од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2024 во 23.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2024 во 10.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(29) од село Зелениково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2024 во 13.40 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(30) од село Горно Оризари, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.09.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода  В.М.(21) од тетовско Јажинце и малолетник од Косово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во СВР Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.  

На 09.09.2024 во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од с.Марвинци кон с.Удово, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

На 09.09.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.И.(47) од Скопје пријавил дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.09.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Делчево, В.А.(76) од с.Габрово, делчевско, пријавила дека во село Габрово била касната од куче со сопственик. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан