• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Пробиштип и Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип вчера околу 23 часот во Пробиштип  ги лишиле од слобода Ј.Ј.(28) и Д.М.(21) од Кратово и Ј.Ј.(38), И.С.(32) и Д.В.(20) од Пробиштип.

Кај нив биле пронајдени и одземени екстази и бела грутчеста материја. Известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 16.55 часот во Гостивар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С. (50) од гостиварско Неготино и Ј.И. (53) од Гостивар, затоа што кај нив е пронајден кокаин.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

На 23.08.2024 во 19.45 часот кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ќ.П. (35) од Велес, Н.А (19) од Скопје и А.И. (21) од Скопје, затоа што кај Ќ.П. е пронајден кокаин.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 24.08.2024 околу 10 часот во полициска станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Стража во близина на с. Ново Село од патот излетал мотор „сузуки“ со кумановски регистерски ознаки, управуван од С.С. (30) и сопатничка М.Т. (23), двајцата од Куманово.

Во несреќата двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.  

На 23.08.2024 во 19.00 часот во ОВР Гостивар, Т.Ј. (46) од Гостивар пријавил дека на ул. „Д.Тодороски“ бил каснат од куче скитник.

На 23.08.2024 во 20.45 часот во ОВР Гостивар, Ш.Х. (19) од с. Долна Бањица пријавил дека во с. Дебреше бил каснат од кучиња скитници.

Во СВР Скопје денеска (24.08.2024) во 2.11 часот,  23-годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.К.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2024 во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека И.М.(58) од с.Долно Свиларе, Скопско, додека извршувал работни задачи во фирма во с.Сарај, Скопско, се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.

На 23.08.2024 во 16.10 часот во СВР Куманово С.Т.(47) од с.Никуљане-Старо Нагоричане пријавила дека на 21.08.2024 околу 16.30 часот во Министерството за здравство во Скопје била физички нападната од лице кое работело како обезбедување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2024 во 19.23 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, по претходна расправија околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(62), В.Р.Д.(57), двајцата од Штип, од една страна, и М.П.(25) од Кочани и И.Д.(50) од Штип, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 23.08.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во с.Конче, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.У.(46) од с.Конче, од една страна, и Џ.Ј.(18) и уште еден малолетник од с.Бучим, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

К.З.(50) од Скопје денеска (24.08.2024) во 00.30 часот пријавила дека во угостителски објект во Стар Дојран била физички нападната од Б.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2024 во 21.40 часот во Полициската станица Радовиш М.В.(49) од с.Ораовица, Радовишко, пријавил дека околу 20.10 часот во селото бил физички нападнат од Д.Ј.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2024 во 16.00 часот било пријавено дека во с.Црнилиште, општина Долнени, настанал пожар во помошна просторија во двор од куќа сопственост на Ѓ.С.(56).

Во пожарот целосно изгорена била целата дрвна кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.

Исто така, од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 23.08.2024 во 20.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(33) од Битола, по претходна пријава дека околу 19 часот физички ја нападнал неговата 24- годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 15.40 часот во СВР Битола Н.С.(70) од Битола пријавил дека околу 9.30 часот, во парк во Битола, по претходна расправија бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2024 во 16 часот во СВР Битола С.С.(30) од Битола пријавил дека околу 14 часот, во продажен објект во Битола, бил физички нападнат од И.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2024 во 1.20 часот во Полициската станица Ресен бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.М.(43) и М.П.(40), двајцата од Ресен, од една страна, и Ј.Р.(31) од Битола, од друга страна, лица коишто дошле да пријават настан, а претходно имале расправија, по што скршено било и стакло од влезната врата на објектот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Дебар денеска (24.08.2024) во 1.20 часот кај раскрсница „Удово“  ги привеле Е.Џ.(18), Е.К.(22) и В.К.(24), сите од Дебар, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.08.2024 во 22.45 часот во СВР Охрид И.С.(21) од Охрид пријавил дека околу 22 часот во Охрид бил физички нападнат од три лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 23.08.2024 во 12.35 часот во Полициската станица Кичево од Медицинскиот центар Кичево било пријавено дека кај нив била донесена малолетничка од с.Туин со повреди здобиени при пад од скали во нејзиниот дом.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот.

На 23.08.2024 во 16 часот во Полициската станица Кичево С.А.(24) пријавил дека околу 10.20 часот во Кичево, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Ф.У.(28), двајцата од Кичево, кој употребил стаклен предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан