• сабота, 09 ноември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - На 01.10.2024 во 19.40 часот во с.Табановце, Кумановско, на крстосница кон с.Лојане, Липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од с.Матејче, Липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.10.2024 во 12.05 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(63). При контролата било утврдено дека тахографот од возилото не е баждарен, односно е истечен од јануари 2024 година. За настанот бил известен дежурен инспектор од Државен инспекторат за транспорт, кој излегол на местото и на возачот му изрекол глоба во висина од 3.900 евра.

На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 01.10.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(41) и М.К.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Ф.К.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 22.55 часот кај кружен тек помеѓу улица „Киро Ристовски Дрнц“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(25) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 01.10.2024 во 20.00 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово  го привеле С.А.(55) од Тетово, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 01.10.2024 во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, Струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, Струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, Струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 01.10.2024 во 21.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Врапчиште, Гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид извршила екипа при ОВР Гостивар.

На 01.10.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
 
На 01.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Р.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 01.10.2024 во 12.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. мд/

 

Остани поврзан