• недела, 24 ноември 2024

Маричиќ: Новиот Закон за отпис на камати е доказ дека се грижиме за сите

Маричиќ: Новиот Закон за отпис на камати е доказ дека се грижиме за сите
Струга, 3 јули 2021 (МИА) - Новиот Закон за отпис на камати, со кој им помагаме на најранливите категории сограѓани да ги вратат долговите кон јавните институции, е доказ дека се грижиме за сите, изјави синоќа во Струга министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ. Маричиќ, кој заедно со пратеникот во Собранието, Јован Митрески и раководството на струшката Општинска организација на СДСМ, вчереа беше меѓу граѓаните на Општина Струга, потсети и на сите досегашни проекти реализирани изминатите 4 години и на концептот „парите назад кон граѓаните“. Како што соопшти СДСМ, на маалска средба Маричиќ имаше можност од локалното население да слушне што е реализирано, што бараат и кои се потребите на жителите. - Жителите на Струга се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. СДСМ секогаш со и за граѓаните, отворено, транспарентно, отчетно. Тоа е нашиот пристап, само така умееме и можеме, нагласи Маричиќ. Посетата на Општината, Маричиќ ја искористил и за одржување работен состанок со раководството на ОО на СДСМ – Струга, на која биле дефинирани идните насоки за теренските активности и биле разменети информации за текот на внатрепартиската постапка за кандидирање на кандидати за градоначалник и советници на СДСМ, како и за моменталните случувања дома и на меѓународен план. сп/

Остани поврзан