• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометарки поразени од Швајцарија на Европското кадетско првенство

Македонските ракометарки поразени од Швајцарија на Европското кадетско првенство

Подгорица, 11 август 2023 (МИА) – Македонската женска кадетска ракометна репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора, откако попладнево и на шестиот натпревар загуби од Швајцарија со 32-31 (15-14).

Во неизвесен натпревар во салата „Морача“ во Подгорица, ракометарките на Швајцарија подобро се снајдоа во драматичната завршница и со гол во последниот напад ѝ го нанесоа на македонската репрезентација шестиот пораз на ЕП.

Најефикасна во македонските редови беше Ива Младеновска со девет голови.

Својот последен натпревар на ЕП за ракометарки до 17 години македонската репрезентација ќе го одигра овој викенд, а за противник ќе го има победникот од денешниот дуел меѓу Португалија и Исланд.

Македонските ракометарки ќе се обидат да ја забележат првата победа и со тоа да избегнат пласман на последното, 16 место на ЕП во Црна Гора. ег/дма/

Фото: РФМ

Остани поврзан