Македонските кикбокс-клубови освоија 68 медали на „Трофеј Белград“
- Македонските кикбокс-клубови освоија вкупно 68 медали на Интернационалниот куп „Трофеј Белград“, информираат од Македонската кикбокс маитаи федерација.
![Македонските кикбокс-клубови освоија 68 медали на „Трофеј Белград“](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113125637_big_730x400_85.webp )
Белград, 9 мај 2022 (МИА) - Македонските кикбокс-клубови освоија вкупно 68 медали на Интернационалниот куп „Трофеј Белград“, информираат од Македонската кикбокс маитаи федерација.
За најуспешен клуб е прогласен Шампион од Скопје, додека Македонската кикбокс маитаи федерација прими пехар за најтрофејна земја на првенството.
Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец на татами на „Трофеј Белград“, бидејќи освои две злата во киклајт во категорите до 60 и до 65 килограми.
Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, доби плакета за посебен придонес и промоција во кикбоксот. ар/са/