• понеделник, 02 септември 2024

Австралија најуспешна по првиот ден на Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна по првиот ден на Олимпијадата во Париз

Париз, 27 јули 2024 (МИА) – Со три освоени златни медали Австралија е најуспешна по првиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз. Олимпијците од Австралија освоија и две сребра.

Втора е Кина со две злата, имаат и еден бронзен медал.

По еден златен медал имаат: САД, Франција, Јужна Кореја, Белгија, Казахстан, Јапонија, Германија и Хонгконг.

Вкупно 20 држави се закитија барем со едно одличје на првиот ден на Игрите во Париз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан