• сабота, 23 ноември 2024

Едерсон: Среќен сум во Манчестер сити, пријатно ми е со моите соиграчи

Едерсон: Среќен сум во Манчестер сити, пријатно ми е со моите соиграчи

Манчестер, 28 јули 2024 (МИА) - Голманот на Манчестер сити, Едерсон го прокоментира неговото можно заминување од англискиот клуб.

Претходно, предводникот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола призна дека 30-годишниот голман би можел да го напушти тимот ова лето. Беше објавено дека за Едерсон е заинтересиран саудискиот клуб Ал-Итихад.

-Среќен сум во Манчестер Сити, пријатно ми е со моите соиграчи. Сега сум смирен и ја враќам физичката кондиција. Што и да се случи, сè е во Божји раце, изјави Едерсон.

Бразилскиот голман игра за Манчестер сити од јули 2017 година. Во сезоната 2023/24, бранеше на 43 натпревари, прими 34 гола и ја задржа 16 пати мрежата чиста.

Неговиот договор со Манчестер сити е до крајот на јуни 2026 година. зс/
фото: ЕПА

Остани поврзан