• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркари до 18 години ја победија Босна и Херцеговина

Македонските кошаркари до 18 години ја победија Босна и Херцеговина

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години вечерва ја победи Босна и Херцеговина со 99:87 во второто коло на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје.

Ова е втора победа за Македонците во исто толку натпревари на првенство по стартната победа над Ирска.

На вториот досега завршен натпревар од 2. коло во Групата Ц, Украина го победи Кипар со убедливи 93:42.

Македонската селекција е лидер на табелата со максимални две победи, БиХ и Украина имаат биланс 1-1 (победа-пораз), Чешка има 1-0, Кипар 0-2 и Ирска 0-1. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан