• петок, 08 ноември 2024

Македонскиот офицер нема јужноафрикански сој на вирусот, детектиран е нигерски сој

Македонскиот офицер нема јужноафрикански сој на вирусот, детектиран е нигерски сој
Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот. - Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји, се наведува во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство. Оттаму информираат дека инфекцијата кај пациентот е во поодомината фаза и оти тој веќе е во фаза на оздравување. бак/дма/  

Остани поврзан