Лимани - Мемиши: Локалната самоуправа и Бирото за регионален развој ќе ја зајакнат соработката во Гостивар
- Локалната самоуправа и Бирото за регионален развој ќе ја зајакнат соработката и заеднички ќе реализираат инфраструктурни проекти во Гостивар. Ова беше договорено на работната средба меѓу вршителот на должноста градоначалник на Oпштина Гостивар, Ваљбон Лимани и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.
Гостивар, 21 август 2024 (МИА) – Локалната самоуправа и Бирото за регионален развој ќе ја зајакнат соработката и заеднички ќе реализираат инфраструктурни проекти во Гостивар. Ова беше договорено на работната средба меѓу вршителот на должноста градоначалник на Oпштина Гостивар, Ваљбон Лимани и директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.
Од службата за информирање посочија дека на средбата се разговарало за тековниот проект кој се реализира во населба „шеста зона“ и за продолжување на соработката меѓу двете институции.
В.д градоначалникот Лимани, заедно со директорот на БРР, Даут Мемиши извршија увид во работите каде заеднички се инвестира во изградба на улица долга 400 метри со комплетна подземна инфраструктура и тротоари во населбата „шеста зона“.
Мемиши и Лимани по средбата искажаа задоволство од првата работна средна и се согласија дека соработката на општина Гостивар со институциите е важна и неопходна за да се подобрат условите за граѓаните.згм/бт/
Фото: Општина Гостивар