• среда, 25 декември 2024

Во Дојран се одржа еколошка акција - со багери и рачно се чистеше крајбрежието

Во Дојран се одржа еколошка акција - со багери и рачно се чистеше крајбрежието

Дојран, 9 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Општина Дојран денеска се одржа голема еколошка акција за чистење на крајбрежјето. Во акцијата учествуваа голем број граѓани, како и багери и механизација, а се чистеше брегот на Езерото во Стар Дојран од плоштадот „Под јаворите“ до некогашната „Струмичка плажа“.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, се заблагодари на сите што учествуваа во денешната акција и притоа истакна дека врвен приорите е Дојранското Езеро.

-Хидросистемот мора да се реконструира и да се стави во функција. Благодарност за усвоената информација од Владата и укажаното разбирање за проблемот со хидросистемот и моменталната ситуација, која беше поднесена од страна на Општина Дојран. Но морам да истакнам дека денеска, иако ресорниот министер објави дека повторно се пушта во употреба системот, сепак не е така и тоа беше само сликање. Наша цел е е системот целосно да проработи и да биде во функција, изјави Ангов.

Тој се заблагодари и до сите кои се потрудија без разлика на политичка или било каква определба и придонеле да се подигне на повисоко ниво овој голем проблем.

Според него, со денешната акција покажале како треба да изгледа грижата за Дојранското Езеро која треба да биде заедничка, сплотена и без поделби. рт/дма/

Фото: Општина Дојран

Остани поврзан