Либан: Во израелски напад загина командант на Хезболах
- Висок командант на Хезболах денеска загина откако со ракета беше погодено неговото возило
Триполи, 3 јули 2024 (МИА) – Висок командант на Хезболах денеска загина откако со ракета беше погодено неговото возило.
Нападот се случи во градот Тир, јужен Либан.
Командант на Хезболах одговорен за еден од трите сектори во јужен Либан е убиен во израелски напад во Тир, изјави неименуван претставник на проиранското движење. ми/
фото: МИА архива