• петок, 08 ноември 2024

Левица изрази сочувство до жртвите на терористичкиот напад во Москва и нивните семејства

Левица изрази сочувство до жртвите на терористичкиот напад во Москва и нивните семејства

Скопје, 23 март 2024

Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад, кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“.

Според информациите, кои се достапни засега, убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците, е многу поголем.

Левица изразува длабоко сочувство до жртвите на терористичкиот напад и до нивните семејства. Ваквите грозоморни дејствија заслужуваат најстрога осуда и санкција, како за извршителите, така и за нарачателите на убиствата! 

Очекуваме и државниот врв да изрази сочувство и поддршка за семејствата на жртвите и да ја искаже горчината што ја чувствуваат македонските граѓани од грозоморниот чин за кој нема сомнение дека го извршиле добро обучени професионалци!

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан