• сабота, 09 ноември 2024

Кумановската болница набави апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за одделението за уво, нос и грло

Кумановската болница набави апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за одделението за уво, нос и грло

Куманово, 16 јули 2024 (МИА) - Кумановската општа болница обезбеди нова опрема, апарат за анестезија, електрокаутер и аспиратори за потребите на одделението за уво, нос и грло, информираа денеска надлежните.

- Пациентите реагираа, бидејќи не можеа да се оперираат без потребната апаратура на одделението. Набавивме нова опрема и сега повторно ќе може да се изведуваaт операции, нема да имаат потреба пациентите да создаваат дополнителни трошоци за патување кон скопските клиники или пак да се лекуваат на приватно, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.

Набавката е спроведена со средства обезбедени од јавната здравствена установа. На ова одделение од кумановската болница има доволно кадар, лекари, сестри за да се обезбеди квалитетна здравствена заштита за пациентите од Куманово и останатите општини од североисточниот регион.

Претходно, болницата обезбеди лабораториски тестирања за пренатален скрининг, се реактивираше кабинетот за дојка, повторно се извршуваат операции на катаракта, доплер на екстремитети. Набавена е нова опрема со која се обезбедува квалитетна здравствена заштита за граѓаните. ам/cr


Фото: МИА и Општа Болница Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан