• сабота, 09 ноември 2024

Крушево почнува соработка со Амбасадата на Романија

Крушево почнува соработка со Амбасадата на Романија
Крушево, 16 март 2022 (МИА) - Романската амбасадорка во земјава, Моника Аксинте денеска беше во посета на Општина Крушево, каде оствари средба со градоначалникот Томе Христоски. Аксинте повика на поинтензивна комуникација во иднина, а изрази иницијатива да го посети Крушево повторно кога би остварила комуникација со повеќе институции и би се разговарала за имплементација на проекти. Христоски нагласи дека имаат доволно време во наредниот период да се реализираат повеќе проекти. - Драго ми е што остваруваме комуникација на почетокот на мандатот на почитуваната амбасадорка, што значи дека пред нас имаме неколку години да реализираме проекти од областа на инфраструктурата, но и и други компоненти, рече Христоски. Доека, пак, Аксинте повика на започнување иницијативи до Министерството за образование и наука за унапредување на образованието на заедниците во Крушево. ем/фф/

Остани поврзан