• сабота, 05 октомври 2024

Кришто побара помош поради поплавите во БиХ

Кришто побара помош поради поплавите во БиХ

Сараево, 4 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто денеска побара помош од соседните земји и членките на Европската унија за да се отстранат последиците од катастрофалните поплави кои зафатија делови од нејзината земја и во кои има жртви.

Советот на министри потврди дека Кристо свикал итна седница и истовремено ги повикал земјите од ЕУ и регионот да и пружат итна помош на Босна и Херцеговина.

Според информациите кои доаѓаат од властите на сите нивоа, најтешко е погодена општина Јабланица, на половина пат меѓу Сараево и Мостар, која е отсечена од сообраќај. Делови од Коњиќ се во иста ситуација како областите на централна Босна, каде што се најпогодени Кисељак, Крешево и Фојница.

Потврдени се информациите за најмалку 14 жртви од разурнувањата предизвикани од поројни поплави и лизгање на земјиштето.

„Претседателката Кришто упатува најдлабоко сочувство до семејствата и роднините на жртвите и ја нагласува помошта на Советот на министри на БиХ на оние кои се директно материјално погодени или сè уште се загрозени на кој било начин“, се вели во соопштението.

Кришто им се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на Владата, кои веќе утрината им понудија помош на властите во Босна и Херцеговина. рп/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан