• среда, 25 декември 2024

БиХ: Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата се искачи на 18, се трага по исчезнатите

БиХ: Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата се искачи на 18, се трага по исчезнатите

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина се искачи на 18 лица, откако во текот на денешниот ден беа пронајдени телата на уште две жртви.

Спасувачките служби се уште трагаат по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада од поплавите и одроните на камења. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан