• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Дебар, 24 октомври 2024 (МИА) – Дебарското Oдделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на дебарското село Отишани, во чиј автомобил полициски службеници пронашле марихуана.

-Кривична пријава е поднесена против Е.К.(23), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека  при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со кое се превезувал Е.К., извршена на 24 август годинава, полициските службеници кај него, пронашле и одземале опојна дрога марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Возилото било запрено и контролата извршена кај месноста „Удово“  во близина на Дебар, поточно покрај Дебарско Езеро. Не се исклучува можноста дрогата да е прошверцувана од албанска страна, бидејќи селото Отишани е на македонско-албанската граница. вт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан