Маја Рисова Мутлулар на конференција во Бари по повод отворањето Програма за јакнење на капацитетите и мобилноста на јавните службеници
- СООПШТЕНИЕ - Шефот на кабинет на министерот за јавна администрација и член на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација - ReSPA, Маја Рисова Мутлулар, учествуваше на конференција по повод отворање на Програмата за јакнење на капацитетите и мобилноста на јавните службеници во Бари, Италија, која официјално го означи почетокот на втората фаза од оваа значајна регионална иницијатива.

15 април 2025
Шефот на кабинет на министерот за јавна администрација и член на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација - ReSPA, Маја Рисова Мутлулар, учествуваше на конференција по повод отворање на Програмата за јакнење на капацитетите и мобилноста на јавните службеници во Бари, Италија, која официјално го означи почетокот на втората фаза од оваа значајна регионална иницијатива.
Програмата за јакнење на капацитетите и мобилноста на јавните службеници, која се реализира во партнерство помеѓу ReSPA и Италијанската национална школа за администрација - SNA, а е поддржана од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, има за цел да поттикне размена на знаење, институционална соработка и административна извонредност меѓу земјите од Западен Балкан и италијанската јавна администрација.
Надоврзувајќи се на успехот на првата програма, новата фаза ќе опфати над 50 јавни службеници од регионот, вклучително и претставници од Министерството за јавна администрација на Република Македонија, кои ќе имаат можност да се вклучат во обуки, студиски посети и шеми за мобилност во Италија.
Отворената конференција, која се одржа во присуство на високи претставници од Италија, Западен Балкан и Европската комисија, претставуваше платформа за стратешки дискусии за процесите на европска интеграција, модернизација на јавниот сектор и примената на најдобрите управувачки практики. Преку низа презентации, панел дискусии и интерактивни тркалезни маси, учесниците имаа можноста да истражат нови начини за професионален развој и унапредување на административната соработка на регионално и европско ниво.
Рисова Мутлулар, истакна дека оваа иницијатива е од исклучителна важност за унапредување на капацитетите на јавната администрација во регионот и ја потврди заложбата на Министерството за активно учество и поддршка на реформските процеси насочени кон подобрување на услугите за граѓаните и приближување до европските стандарди.
Министерство за јавна администрација
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.