• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во напредна фаза е изградбата на новата канализациска линија во каменичкото село Моштица

Во напредна фаза е изградбата на новата канализациска линија во каменичкото село Моштица

Македонска Каменица, 15 април 2025 (МИА) - Во напредна фаза се градежните активности за изградба на новата канализациска линија во село Моштица. Активностите како што соопшти денес градоначалникот на Макеоднска Каменица Димчо Атанасовски се одвиваат според претходно утврдената и планирана динамика.

-Интензивно се работи на изградба на делницата од Крак 2, во вкупна должина од 550 метри, на потегот од месноста Бабанец до приградската населба Павлиш Дол, информираше Атанасовски.

Оваа инвестиција како што додаде тој е дел континуираните напори на Општината за подобрување на основната инфраструктура во сите населени места во М.Каменица. 

-Ваквите проекти директно придонесуваат за поквалитетен живот и подигнување на животниот стандард на жителите од овие рурални средини, додаде Атанасовски.

Општина Македонска Каменица подвлече дека останува посветена на реализација на проекти кои носат решавање на повеќедецениски проблеми и обезбедуваат долгорочни придобивки за сите граѓани. вс/са/

Фото: Општина М.Каменица

Остани поврзан