• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

AlcazarEnergyPartnersи IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип

AlcazarEnergyPartnersи IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип

Штип, 15 април 2025 (МИА) - AlcazarEnergyPartners (AЕР), водечки независен менаџмент на инфраструктурни фондови фокусиран на развој, финансирање, изградба и работа на проекти за обновлива енергија од комунален размер на растечки пазари, потпиша договор за поддршка на развој со Меѓународната финансиска корпорација („IFC“), членка на Групацијата Светска банка, информираат во писменото соопштението од AlcazarEnergyPartners. Во него се посочува дека  договорот  на AlcazarEnergyPartners обезбедува пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија, а воедно  зајакнувајќи ја посветеноста на двете страни за мобилизација на приватен капитал за одржлива инфраструктура на стратешки растечки пазари.

-Церемонијата на потпишување се одржа на маргините на Самитот за ESG Адриа во Порто Монтенегро и присуствуваа високи претставници на Владата на Северна Македонија, заедно со Тим Шихан, виш директор во AEP и Патрик Авато, менаџер за енергија и инфраструктура во Европа при IFC. Првата фаза од проектот за ветерниот парк Штип ќе започне со изградба во текот на оваа година. Вкупниот инсталиран капацитет, по завршувањето на сите фази, ќе изнесува околу 400 MW. Проектот, кој ќе обезбеди чиста и сигурна енергија за над 100000 домаќинства и ќе намали до 690000 тони СО2 годишно, претставува значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на Северна Македонија, се вели во соопштението од АЕР.

 Вкупната инвестиција се проценува на 500 милиони евра. Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер во AlcazarEnergyPartners, изјави дека очекуваат со проектот да испорачаат трајна вредност за заедницата.

-Нашето континуирано партнерство со IFC е клучно во напредокот на ветерниот парк Штип. Заедно, не само што ја унапредуваме енергетската транзиција, туку и ја поддржуваме економската развојна и долгорочната енергетска безбедност. Очекуваме да испорачаме проект што ќе донесе трајна вредност за заедницата и ќе ги зајакне одржливите амбиции на Северна Македонија, изјави Калдерон.

АEP моментално напредува со деталниот дизајн на проектот и ангажира водечки инженери, еколошки, правни и социјални советници за да обезбеди усогласеност со највисоките меѓународни стандарди. Ветерниот парк Штип е првиот проект на AEP во Северна Македонија и ја одразува стратегијата на компанијата за проширување во Западен Балкан, каде што веќе има стекнато портфолио од 1,5 GW на зелени проекти за ветерна и соларна енергија, кои ги поддржуваат националните цели и глобалните климатски заложби. Патрик Авато, менаџер за инфраструктура и енергија во Европа при IFC, изјави:

-IFC и AlcazarEnergyPartners имаат изградено стратешко партнерство повеќе од една деценија, соработувајќи на развој на одржливи енергетски проекти во земји во развој. Ветерниот парк Штип е природно продолжение на оваа соработка, насочена кон зголемување на пристапот до достапна и чиста енергија – суштинска за економска конкурентност и раст. Освен што ќе ја зајакне енергетската безбедност на земјата, проектот ја одразува и посветеноста на IFC за поддршка на одржливи енергетски решенија што ги исполнуваат меѓународните стандарди и придонесуваат за праведна енергетска транзиција во регионот, изјави Авато. вдј

Фото: АЕР

Остани поврзан