Конференција „Општините пријател на младите - Mладинското учество во фокус“
- На конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Александру Албу, Раководител на операции 2 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и Сашко Митовски, градоначалник на општина Крива Паланка.
Скопје, 12 август 2024 (МИА) – Претставници од општините и од локалните младински совети, како и експерти во областа на младинските политики ќе бидат дел од конференцијата „Општините пријател на младите - Mладинското учество во фокус“ што се одржува денеска во Скопје.
На конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Александру Албу, Раководител на операции 2 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и Сашко Митовски, градоначалник на општина Крива Паланка.
Како дел од овој проект на конференцијата ќе се доделува награда за една од општините, која согласно претходно истражување спроведено како дел од активностите на проектот се издвојува како отворена, инклузивна и општина која работи во насока на подобрување на локалното владеење и вклучување на младите.
Конференцијата има за цел подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот, а во рамките на неа се одбележува и Меѓународниот ден на младите – 12 август. ар/мд/
Фото: Принтскрин