Кавадарчани на состаноци со претставници од локалната самоуправа предлагаат проекти за комунално уредување во 2023 година
- Кавадарчани имаат можност на состаноци со претставници од локалната самоуправа, да предлагаат приоритетни проекти од програмата за комунално уредување во 2023 година, информираат од кабинетот
Кавадарци, 10 ноември 2022 (МИА) - Кавадарчани имаат можност на состаноци со претставници од локалната самоуправа, да предлагаат приоритетни проекти од програмата за комунално уредување во 2023 година, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Градоначалникот заедно со советници од Советот на општината, вработени од локалната самоуправа, ,,Мој општинар" и јавните претпријатија ,,Комуналец" и ,,Паркинг", започна со состаноци со жителите на сите месни и урбани заедници, со цел да се согледаат секојдневните проблеми на заедничкото живеење, да расправаат за можностите за нивно решавање и заеднички да ги креираат идните активности за 2023 година, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.
Додаваат дека ваквите средби продолжуваат, со цел утврдување на потребите на жителите во општината Кавадарци и вметнување на предложените проекти, во програмата за комунално уредување за следната година.свд/