• вторник, 12 ноември 2024

Израел отвори амбасада во Абу Даби

Израел отвори амбасада во Абу Даби
Ерусалим, 25 јануари 2021 (МИА) - Израел денеска отвори амбасада во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Претходно, Владата на Обединетите Арапски Емирати одобри отворање амбасада во Тел Авив, Израел. ОАЕ и Израел постигнаа договор за нормализирање на односите во август. Оттогаш, односите со Израел ги нормализираа Бахреин, Судан и Мароко, со посредство на американската администрација предводена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Палестинската страна остро негодуваше за нормализирање на односите со Израел и смета дека овој потег е спротивен на палестинските интереси на Блискиот исток. паг/    

Остани поврзан