• среда, 13 ноември 2024

Изминатата недела санкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Изминатата недела санкционирани 207 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) – Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, во периодот од 4 до 10 овој месец санкционирале 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 120 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 87 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оттаму посочуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура. дма/бак/

Фото:ЈП Паркинзи на Општина Центар

Тагови

Остани поврзан