• петок, 08 ноември 2024

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата без поголеми задржувања

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата без поголеми задржувања

Скопје, 9 август 2024 (МИА) -  На граничните премини Табановце за влез и на Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан