• четврток, 26 декември 2024

Заврши меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“

Заврши меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“

Куманово, 11 август 2023 (МИА) - Заврши ликовната колонија „Куманово 2023“ информираа денеска од Националната установа Музеј Куманово. Вчера во комплексот етносело „Тимчевски“ беа изложени делата на единаесетте ликовни уметници од државата Србија, Босна и Херцеговина, Турција и Романија, кои годинава учествуваа на 49-тото издание на интернационалната ликовна колонија.

- Задоволни сме од учесниците, нивното творештво. Уметниците работеа во повеќе ликовни техники и имаа можност да се инспирираат од убавините и знаменитостите во кумановско, изјави виш кустос, историчар на уметност од кумановскиот музеј, Драгана Спасковска.

Идната година колонија одбележува пет децении од постоењето. Колонијата „Куманово“ е меѓу најстарите ликовни колонии во државава и се одржува од 1974 година. Над 1.000 изработени дела од претходно одржаните колонии, изложени се во простории на државни и општински институции.

Организаторите очекуваат поддршка од надлежните институции за идниот јубилеј на колонијата која се одржува во август на различни локации во кумановско.Министерството за култура и Општина Куманово континуирано ја поддржуваат меѓународната ликовна колонија. ам/ир


Фото: НУ Музеј Куманово

Остани поврзан