Заврши изградбата на главниот колектор на фекалната канализација во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица целосно е завршена изградбата на главниот колектор на фекалната канализација. Инвестицијата, како што објави денеска градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, е вредна 499.682,00 денари, финансирана е од општинскиот буџет и овозможува поефикасно одводнување на отпадните води.
Македонска Каменица, 3 октомври 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица целосно е завршена изградбата на главниот колектор на фекалната канализација. Инвестицијата, како што објави денеска градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, е вредна 499.682,00 денари, финансирана е од општинскиот буџет и овозможува поефикасно одводнување на отпадните води.
- Со оваа инвестиција очекувам подигање на квалитетот на живот во чиста животна средина, со подобрени хигиенски услови за сите жители на нашата општина, особено на спортистите и рекреативците кои во непосредна близина секојдневно го користат новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс, истакна Атанасовски.
Со заеднички напори, како што додаде, Општината ќе продолжи да инвестира во инфраструктура за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
- Наша цел е да создадеме чиста и здрава животна средина за нас и идните генерации.Оваа инвестиција е доказ за посветеноста кон подигање на стандардите на живеење. Со вашите идеи и вашата поддршка, ќе продолжиме да градиме еколошки чиста општина и здрава животна средина, додаде Атанасовски.
Апелирам до сите граѓани да се вклучат во заштитата на животната средина кои на тој начин ќе придонесат Општина Македонска Каменица да биде пример за одржлив развој. вс/цр
Фото: Општина Македонска Каменица