Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец, се обидел да избега, полицијата ќе му поднесе пријава
- Дваесет и осумгодишен жител на кумановско Романовце во село Отља не запрел со возилото, удрил во полициски службеник и избегал. Полицијата го пронашла во Романовце, тој го напуштил возилото и почнал да бега, полицијата испукала два предупредувачки куршуми во воздух.
Куманово, 15 јануари 2026 (МИА) - Кумановската полиција уапси лице од кумановското село Романовце, бидејќи не почитувал наредби, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, се обидел да избега, информираше денеска МВР. Полицијата ќе му поднесе пријава.
- Вчера во 23:30 часот во село Романовце, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28). Околу 22:30 часот во село Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење. Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/вј/
Фото: МВР