Даниел Летников го фати светиот крст од водите на браната Моклиште кај Ваташа
- Од името на локалната самоуправа, му честиташе претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов. Притоа му врачи ваучер, а Летников доби и други подароци.
Кавадарци, 19 јануари 2026 (МИА) - Даниел Летников го фати светиот крст положен во водите на браната Моклиште кај Ваташа. Овој 24-годишник посака среќа и благослов за сите луѓе.
Од името на локалната самоуправа, му честиташе претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов. Притоа му врачи ваучер, а Летников доби и други подароци.
- Многу верба во верата, тоа е единственото нешто што како нација ни значи обединување за сите нас кон подобро утре, порача Рамов во изјава за медиумите. свд/нд/
Фото: МИА