• вторник, 07 април 2026

Жанета Ристевска избрана за претседавач на битолскиот Совет за превенција на детско престапништво

Жанета Ристевска избрана за претседавач на битолскиот Совет за превенција на детско престапништво

Битола, 6 април 2026 (МИА) - Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Битола за нов претседавач на Советот ја избра Жанета Ристевска - лиценциран психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, за заменик претседавач избран е Митко Бошевски од адвокатската комора, додека за секретар избрана е Силвана Дејаноска - судски администратор во Основен суд Битола.

Новото раководство на Советот  на конститутивна седница усвои Деловник за работа, кој претставува основа за транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање, утврдувајќи јасни надлежности, процедури и механизми за донесување одлуки и координација помеѓу сите релевантни чинители.

Од Општина Битола информираа дека  Советот за превенција на детско претсапништво ќе се фокусира на рана идентификација на ризици, работа со деца и млади во ризик, поддршка на семејствата, како и зајакнување на превентивните механизми преку образовниот и социјалниот систем.

Од општинскиот Совет испратија порака дека превенцијата на детското престапништво е заедничка одговорност и бара навремено делување, координација и континуирана посветеност од сите релевантни институции и чинители во заедницата.мт/са/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан