• вторник, 07 април 2026

Промовирани две книги од Ана Дедова

Промовирани две книги од Ана Дедова

Кочани, 6 април 2026 (МИА) - Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавања“, посветена на нејзиниот починат брат Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“.

Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емоции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски израз. Во нејзиниот свет зборовите не се само обични редови на хартија, туку цели светови кои градат мостови меѓу срцата, беше кажано на промоцијата.

Дедова пишува поезија од 2012 година и е еден од најплодните роднокрајни автори на Кочани од помладата генерациај.

Издавач на денеска двете промовирани книги на Ана Дедова е ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани, како што беше кажано на промоцијата, нејзиниот втор дом.ис/

фото: МИА

Остани поврзан