• сабота, 23 ноември 2024

Есенска дератизација на над 2100 шахти на територијата на Кисела Вода

Есенска дератизација на над 2100 шахти на територијата на Кисела Вода

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Општина Кисела Вода ја почна редовната есенска дератизација, дезинсекција и дезинфекција на над 2100 шахти на територијата на целата општина која ги опфаќа сите урбани и местни заедници.

Оваа редовна акција, како што информираат од Општината, има за цел да ги уништи штетните глодари, но, се врши и како превенција од заразни болести.

Во рамки на оваа есенско чистење, со дезинфекција ќе се опфатат и сите градинки и основни училишта во Кисела Вода. 

-Ги известуваме жителите од нашата општина дека процесот на оваа есенска акција се врши исклучиво со препарат од сертифициран производител кој има за цел да ја намали популацијата на глодарите, издаден со одобрение од Министерството за здравство на Република Македонија, велат од Општина Кисела Вода. 

Колективното здравје, додаваат оттаму, е едно од приоритетите на нашите залагања од програмата за работа на локалната самоуправа и ваквите и слични акции ќе продолжат и понатаму. сст/дма/

фото : Општина Кисела Вода

Остани поврзан