Ен-Би-Си Њуз : Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп
- Според два други извора, постои можност работата на Реј да ја преземе Кеш Пател, кој исто така е опција за шеф на ЦИА.
Вaшингтон, 12 ноември 2024 (МИА) - Директорот на ФБИ, Кристофер Реј и тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвуваат за можноста некој од Републиканската партија да го замени Вреј во новата администрација, изјавија три неименувани извори за Ен-Би-Си Њуз.
Според два други извора, постои можност работата на Реј да ја преземе Кеш Пател, кој исто така е опција за шеф на ЦИА.
Реј, кој беше назначен од Трамп во 2017 година за десетгодишен мандат, има намера да служи до крајот на мандатот, но се подготвува и за можноста да биде сменет, додаде изворот. зш/