Евакуирани вработените од неколку компании во руската република Татрастан
- Вработените од неколку компании во руската република Татарстан и нејзиниот главен град Казан се евакуирани од безбедносни причини, јавија западни медиуми повикувајќи се на локални извори
Москва, 31 мај 2024 (МИА) – Вработените од неколку компании во руската република Татарстан и нејзиниот главен град Казан се евакуирани од безбедносни причини, јавија западни медиуми повикувајќи се на локални извори.
Аеродромите во градовите Казан и Нижнекамск воведоа привремени ограничувања на летовите од безбедносни причини, објави на Телеграм претставник на воздухопловната регулаторна агенција „Росавијација“.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат беспилотни летала како летаат над Татарстан, но не може да се провери нивната веродостојност.
Авионите кои патуваат кон Казан се пренасочени на алтернативен аеродром во Самара, соопшти прес-службата на аеродромот во Казан. ми/
фото: Википедија