Дурант ќе пропушти 4-6 недели поради повреда
- Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант има истегнување на медијалните странични лигаменти на левото колено. Според прелиминарните прогнози на медицинскиот персонал на клубот од Њујорк, тој ќе пр
Њујорк, 16 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант има истегнување на медијалните странични лигаменти на левото колено. Според прелиминарните прогнози на медицинскиот персонал на клубот од Њујорк, тој ќе пропушти 4-6 недели поради повредата, објави „ЕСПН“.
Дурант го повреди коленото во втората четвртина од натпреварот против Њу Орлеанс (120:105), по судир со соиграч. Во текот на денешниот ден на кошаркарот му беше направена магнетна резонанца по што се дозна за природата на повредата.
Бруклин го доби натпреварот со Њу Орлеанс, а Дурант до моментот на повредата имаше постигнато 12 поени. зс/