• сабота, 23 ноември 2024

Дрон повторно го наруши воздушниот сообраќај на аеродромот во Стокхолм

Дрон повторно го наруши воздушниот сообраќај на аеродромот во Стокхолм

Стокхолм, 10 септември 2024 (МИА) - Авиосообраќајот на меѓународниот аеродром во шведскиот главен град Стокхолм, синоќа, втора вечер по ред, беше нарушен поради присуство на беспилотно летало над пистата, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на шведската цивилна авијација.

Инцидентот бил пријавен во Контролата на летање синоќа во 20 часот по Гринич и тој предизвикал доцнење на некои летови од и до аеродромот од 15 до 20 минути.

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, четири беспилотни летала ги принудија властите во Шведска да го прекинат воздушниот сообраќај на речиси два часа, соопшти аеродромскиот оператор Svedaviya. 

Поради тој инцидент пет летови беа одложени, а некои беа пренасочени на други аеродроми.

Покрената е полициска истрага за „саботажа против аеродромот“.

-Имаме сомнежи дека се работи за насочен чин, но не можеме со сигурност да кажеме која била целта. Поради тајната природа на истрагата, не можеме да го објавиме типот на дронот, изјави портпаролката на полицијата за неколку шведски медиуми. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан