• среда, 13 ноември 2024

ДПС на Ѓукановиќ денеска ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на црногорската Влада

ДПС на Ѓукановиќ денеска ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на црногорската Влада
Подгорица, 3 август 2022 (МИА) - Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ соопшти оти денеска ќе ја покрене иницијативата за гласање недоверба на Владата, како и дека потпишаниот Темелен договор со СПЦ ќе биде суспендиран по изборот на нова извршна власт. Од ДПС информираа дека иницијативата за гласање недоверба на Владата е отворена за сите оние кои, исто така, сметаат оти извршната власт се однесува неодговорно кон националните интереси на Црна Гора, се наведува на Твитер од страна на партијата на Ѓукановиќ, која го поддржа формирањето малцинска влада на Дритан Абазовиќ. „Денеска потпишаниот Договор, кој е спротивен на Уставот на Црна Гора ќе биде суспендиран веднаш по изборот на нова влада“, тврдат од ДПС. бд/сд/

Остани поврзан