Делегација од Општина Берово присуствува на одбележување на денот на српската општина Брус
- Делегација од Општина Берово на чело со градоначалникот Звонко Пекевски деновиве присуствува на одбележување на денот на општина Брус, Р Србија.
Берово, 19 август 2024 (МИА) – Делегација од Општина Берово на чело со градоначалникот Звонко Пекевски деновиве присуствува на одбележување на денот на општина Брус, Р Србија.
- Пријателството со Брус, со години го негуваме и прославуваме, со што ја продлабочуваме културната соработка, градиме трајни пријателства и безброј убави спомени, истакна градоначалникот на Берово Звонко Пекевски
Во рамки на настанот со своја програма се претстави Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“ од Берово.
- Членовите на нашето културно уметничко друштво „Димитар Беровски“, под раководство на етнокореографот Методи Скендерски, се амбасадори на музиката и културата и синоќа имаа спектакуларен настап пред публиката во Брус. Пригодно бевме пречекани и од претседателот на Општина Брус Далибор Савиќ, додаде градоначалникот на Берово.
Како резултат на добрата соработка делегација на Општина Брус деновиве ќе ја посети Општина Берово каде ќе присуствува на Етно Плоштад Фестивалот кој годинава ќе се одржи од 25-27 август 2024 година. вс/ир
Фото: МИА