• понеделник, 14 октомври 2024

Делегација од Берово на Меѓународен балкански фестивал во Буџа, Турција

Делегација од Берово на Меѓународен балкански фестивал во Буџа, Турција

Берово, 13 октомври 2024 (МИА) - Делегација од Општина Берово, заедно со градоначалникот Звонко Пекевски се во посета на Буџа воТурција, каде присуствуваат на 12-тиот Меѓународен балкански фестивал. Пекевски информираше дека целта на посетата е продлабочување на соработката на културен план.

-Впечатоците за фестивалот во Буџа се прекрасни, низ песна и игра, учесниците успеваат да ни ја доловат нивната традиција и различни култури и специфичности. Во моето обраќање пред присутните, истакнав дека преку културата се запознаваме како народи и создаваме трајни врски, кои ќе ги негуваат и идните генерации, истакна Пекевски.

Toj oчекува во понатамошната соработка да произлезат и заеднички конкретни проекти. 

-Се надевам дека нашата соработка со Буџа во иднина ќе се продлабочува и ќе резултира со реализација на заеднички проекти и размена на искуства и идеи, додаде Пекевски.

На фестивалот во Турција, Берово ќе ги претставува фолклорната група при Домот на култура „Димитар Беровски".вс/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан