• четврток, 19 декември 2024

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Тринаесет маратонци од Македонија утре попладне од Нова Градишка, Хрватска ќе тргнат на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, утрово пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше. Според агендата предвидено е да имаат прием од македонскиот амбасадор во Загреб Милиам Фетаи.

На пат кон родниот град на Тоше, Крушево, маратонците ќе тргнат утре во 17 часот, од пред неговото спомен-обележје во Нова Градишка. 

- Ќе трчаат низ цела Хрватска и Македонија. На граничниот премин Табановце се очекува да пристигнат на 15 октомври и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија треба да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнината од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.

Маратоците, како што е наведнео, ќе бидат пречекани во Крушево, традиционално, со црвени рози и на Гумење, на вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година. сс/аа/

Фото: Организатор - Спомен дом Тодор Проески

Остани поврзан